December 25, 2008

За Безвременоста


/   Малку се крена прашина окулу спотот во режија на Милчо Манчевски за туристичка промоција на Македонија во светот со популарен наслов Тајмлес Маседониа па би сакал да ги предочам моите размислување за и окулу основното за спотот .
/
   Да почнам од основните податоци , спотот служи за ТУРИСТИЧКА промоција  на македонија во светот , кошта колку што кошта плус секоја секунда емитување на CNN за која што знам дека не е хуманитарна организација туку е фирма која наплаќа за изнајмување на својот простор .
/
  Значи се на се економска категорија , финансирана од буџетот .
Од економска гледна точка за да биде исплатива/успешна/ рекламата треба да донесе барем онолку пари повеќе од колку што е трошокот и секако домашните туристички работници да бидат спремни достојно да го пречекаат напливот од странски туристи што ќе следува.
/
  На секој оној што ќе каже дека има и други мотиви/намени/ за снимањето на ваков рекламен спот нема да му верувам затоа што јас како граѓанин верувам во официјалната верзија за намената на овој спот искажана од власта избрана од народот.
/
   За квалитетот веќе се искажав на друго место , само после некои реакции ќе додадам дека за вкусот не треба да се дискутира.
/
   Му пожелувам на секој со оваа реклама таргетиран турист од странција , кој е добро информиран од странските туроператори за условите во нашата земја ,пријатен и безбеден престој , со напомена за внимателно преминување на обележен пешачки премин и секако ако користи јавен градски превоз во главниот град , да го почитува предупредувањето на мвр на рм излепено по возилата за јавен градски превоз “внимавај на својот паричник“

December 24, 2008

о писменах

 


говорете македонски

December 15, 2008

соопштение









с о о п ш т е н и е   











СООПШТЕНИЕ


Почитувани

  Со оглед на се позачестеното извршување +премин+
 на обележаните пешачки премини , од страна на некои наши
сограѓани-пешаци , апелирам до сите оние граѓани кои немаат обезбедено
средства за закоп , со оглед на светската финансиска рецесија, да го
избегнат непотребното изложување на трошоци на своите семејства и да го
почитуваат правото на посилниот додека чекорат на пешачките премини остварувајќи го своето право на безбеден премин преку обележаните пешачки премини .

  Отсега па натаму со личен пример 24/7 ќе го покажувам своето трпение
храбро чекајќи на обележаните пешачки премини се додека не се оствари
тотален прекин на сообраќајот од страна на моторните возила и на тој
начин да завладее правната држава


да живеат


                                                                              евро                           


атлантските интеграции