February 27, 2009

топ шоп демократија

космодиск

и тоа не е се ...

космодискот може да служи и како мерка за демократија

 
 
клик до “наведи извор“
 
 

Време, број 1604, 27.02.2009


СПОРЕД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ ИВАНОВ
Демократијата ни е како космодиск

Македонската демократија е како космодиск - изгледа шашаво, но функционира - изјави вчера Ѓорѓе Иванов, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со претставници на помалите етнички заедници. - Македонија е како мозаик. Кога ќе се погледне одблиску се гледаат само камчиња, ако се гледа од далеку тогаш се гледа магловито. Но, ако се гледа од вистинска дистанца, мозаикот или различностите ја претставуваат вистинската Македонија. Мултиетничноста и мултиконфесионалноста се богатства на Македонија. Во Франција најубавата салата се вика „маседуан“. Секој вкус е сочуван, но единството дава богатство од вкусови - рече Иванов. Според него, етничката политика е математика во политиката. Тука проблемите тешко се решаваат, но со вистински луѓе можат да се менаџираат.

 


February 26, 2009

христијанска љубов

Поп од Скопје, бил жртва на уценувачи. Го снимиле за време на орален секс со козметичарка и барале од него за снимките да им плати.
 
 
клик


ОнАзис

 
да  ,  цирих  има  пристаниште
 
 
Владата расправала и кое пристаниште може да се искористи како матично. Во ниту еден случај не се споменало солунското пристаниште кое е на најмала оддалеченост од Македонија, во опција биле само пристаништата во Драч, Албанија и Истанбул, Турција
 
 клик на сликата
 
 
 
 
                               


јарбол

  јарбол

ама не за бродовите од трговската  флота на македонија

за тоа веќе пишуваше 

волан

туку од оние , за барјак

со разни џиџи-миџи

црвени ламби

и

на повеќе начини осветлен

ги има на повеќе локации во скопје

и ако не се прескапи , би си набавил еден за во двор

 



February 24, 2009

посветено

          ноќ  ,  ноќта е минлива  ...
 

     

     тагата
     ноќите без соништа
     осаменоста 
     минуваат
     само сеќавањата се трајни

со љубов  за  М               

   

   

February 23, 2009

работа на час



добро е , сепак децата добиваат и
писменост 2.0

има некои работи кои сметам дека треба да се поддржат на блогерајов

клик на сликата до “наведи извор“

 

за медицината во и окулу

црквата , можеби повеќе

окулу , од развигор 

и публикум

 

 

 за едно

студентско и не само студентско

барање за разумност , поддржано од

фем , глимпсе , ниа ноктилука

волан и уште некој ,

 


како и за нештата што наместо

спортски , фер и забавни

станаа политички хорор

 кај опсервација

 

 изјавата на денот од кандидатот за

татко на нацијата , кај мене на блог

 

 

 

February 16, 2009

February 9, 2009

локални

Еее , гужва за председник ко у америка да сме , кај нас ти е председник ко кукла ако не се прогласи воена состоја , па да биде врховен командант ко Тито , ама такво нешто немаше ни за време на последната војна .
:)
/
Во меѓувреме сите претседатели (2) после Киро се нарекуват граѓанинот со иницијали .И на следниот истото не му бега .
/
што ми беше зборот ...
Паралелно со претседателските се одржуваат и избори за локални газди по општините , како и за газда на градот Скопје кој е матно дефинирана заедница на општини кои го сочинуваат и градската управа , со помешани надлежности и веќе видени решенија од типот еден издава дозвола за градење , а другиот за уривање .
Трагикомично :)
збираат даноци и комуналии , а нема кој да плати за јавно осветлување .
да газди , како поинаку да ги наречам сите оние што со народни пари ќе градат и крадат на локално ниво , со буџети негде смешно мали , а негде доволни општината да се нарече Монте Карло .
/
Сега си поставувам прашања :
/
1.Зашто неофицијалниот почеток на изборната кампања почна со фаворизирање на претседателските избори и експонирање на само двајца од претседателските кандидати .
/
2.Дали локалните избори се толку многу неважни , па се потиснуваат во втор план , намерно или случајно .