May 27, 2009

коментар


23 Април, 2009 - 17:02


#

Некако осеќав дека на овој пост, најмногу коментари ќе има од ненајавени... Шо е бе?? Страв ви е? Smiling)))
(Трн 23 Април, 2009 - 14:38 | одговори)

#

Па и хемичарот и Швабо се за пред пензија...А овие двајцава треба да ги спичкаме...
(StihovenKalibar 23 Април, 2009 - 14:39 | одговори)

/

стиховен , кога не би се однесувал како латентен и не би бришел коментари би ти кажал што мислам за твојата нова работа и на твојот блог , ама за тоа ќе се случи тогаш кога ќе престанеш да дејствуваш со нелогирани коментари и кога ќе престанеш да бришеш коментари од твојот блог , односно кога ќе почнеш да размислуваш рационално , до тогаш ќе почекам , а можеби и ќе се изначекам

http://img26.imageshack.us/img26/8841/99056473.jpg



мој избор | додај нов коментар | за печатење | прати по e-mail | 123 пати прочитано | трекбек url #

#

Религијата ќе ја бранам до смрт од вакви сатански изроди и кодоши како тебе...

Братучед ти Васко Глигориевич излезе од Бардовци...Сега е време тебе да те пратиме на рехабилитација..Инаку не ти бега гроб на плоштад..

Ќе ти запалам и кандило..За покој на твојата сатанско-хушкаторска душа...

Застанувам цврсто на страната на МПЦ а во борба против кодошите комунистички..Приклучете се на линков

http://www.facebook.com/group.php?gid=66317674709
(StihovenKalibar 23 Април, 2009 - 17:06 | избриши | одговори)

#

Па МПЦ ја формираа комунистите усред најјачи комунизам бе Стих.
(Падобранeц 23 Април, 2009 - 17:15 | избриши | одговори)

#

Историја на Македонската Православна Црква

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Светиот апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана Црква. Би спомнале тука и дека апостолите Аристарх и Секунд биле Солунјани, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој се лоцира накаде меѓу Струмица и Валандово. Во тоа време Македонија била под римска власт така што често биле менувани нејзините граници. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори.

Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој пероиод и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики.

За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Св. Климент ОхридскиДелото на светиот апостол Павле и светиот цар Јустинијан I го продолжуваат светите браќа Методиј и Кирил и нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патријаршија. Подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, сè до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. Од овој момент па натаму, македонскиот народ прави постојани напори за нејзино обновување. Нејзините епархии смениле неколку јурисдикции од соседните православни Цркви. Особено жестоки борби биле водени во втората половина на XIX и првата половина на XX век, но поволни услови за враќање на самостојноста се создаваат дури во текот на Втората светска војна (1941-45 г.). Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот Црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука, заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.

Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.

Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ ѝ дал самостојност на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската Православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на турскиот султан.

Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини надвор од границите на Републиката.
Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската Православна Црква како административен дел од едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото Предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помесните Собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква.
(StihovenKalibar 23 Април, 2009 - 17:16 | избриши | одговори)

# Извини, ја “возобновија“.
(Падобранeц 23 Април, 2009 - 17:18 | избриши | одговори)

#

НЕМА ОБЈЕКТИВНОСТ

Што се случуваше во медиумите, како еден од најзначајните простори за јавно изразување на личната мисла и за пренесување на информации? Сите што пишуваа на темата, се согласуваат единствено во изјавите дека насилството е неприфатливо, но толкувањето е различно, острастено. Не можеме а да не забележиме дека критиките одат на сметка на една или друга партија. Колку е повжештена политичката сцена толку попренагласено се критикува, а особено во споредба со другите такви или слични случувања. Нема објективност. Објективност нема поради тоа што се занимаваме со видливиот дел на случувањето, чиј огромен невидлив дел во заднината останува непознат. Не се занимаваме со причините, туку со последиците. Никој не влегува во сериозна анализа на причините, и тоа е најсигурен показател дека последиците се користат само за дневнополитички потреби и пресметки. Анализата на причините претпоставува и желба за нивно отстранување. Борбата против причините има континуитет и е долготрајна, а злоупотребата на последиците е медиумско чудо за три дена. Како што и видовме.

Односот, пак, на Црквата со јавноста е посебен проблем. Општо е мислењето дека, кога се во прашање медиумите, не се снаоѓаме баш најдобро, посебно во првите моменти на вака комплицирани и вонредни ситуации. А како и би се снашле кога синовите на овој свет, во својот род, се подосетливи од синовите на светлината (сп. Лука 16, Cool. Време е изгледа да се ангажираат професионалци за регулирање на нашите односи со јавноста, кои се многу важен сегмент од нашето дејствување во светот. Свесни сме сите дека тоа би било само шминкање доколку луѓето од Црквата не поработат истовремено малку посериозно и на својот духовен лик. Ние сме тие преку кои светот Го препознава и Го засакува Христос или преку кои се одвраќа од Него.

Секој проблем дополнително се усложнува кога и партиите, за свој интерес, ќе се вмешаат во него и ќе заземат став. Тогаш може да настане конфузија во главата на луѓето поради спротивставувањето на нивниот личен однос кон проблемот како таков со нивниот личен однос кон некоја партија или кон некој партиски став. Ако немаат свој однос кон проблемот, тогаш само необјективно се приклонуваат кон ставот на својата партија, свесно или несвесно. На крај, само искусното око на духовникот ќе може да разликува дали искажаниот став на еден човек е негов свесен личен однос кон проблемот или е неосвестена рефлексија на неговиот негативен или позитивен став кон некоја партија, која веќе се позиционирала во однос на проблемот. Да не ги спомнувам нарушените односи. Итн., итн.

Излегува како партиите да немаат да понудат своја позитивна програма, па сега им останало уште само да ја искористат негативната случка на плоштадот, на пример, со цел да извлечат некој глас повеќе. Најнормално е во еден предизборен период да ги чуеме каква политичка и економска перспектива имаат да ни понудат и да ги видиме како се трудат да не' убедат во тоа. Затоа што, политичката кампања треба да служи и за едуцирање на народот, и не е добро да служи за негова морална ерозија. Но тоа се на крајот партиски одлуки, кои потоа се валоризираат на избори.
Најбитно е за нас, партиите да не ја користат Црквата (како институција) за остварување на своите цели, и за време на избори и во текот на мандатот. Не треба да ги доведуваат верните во ситуација да се определуваат за кого ќе гласаат во зависност од тоа дали тој некој ја поддржува или не Црквата. Црквата е единствена сила што собира и обединува во доброто и во љубовта. Црквата не може и не смее да биде поле за партиски пресметки и поделби. На ова веднаш треба да се стави крај затоа што влогот е преголем. Секој нормален човек што ќе си одговори на прашањето „каде тоа во светот, освен кај нас, ова уште се случува?“ - многу ќе се засрами. Сите партии треба да се блиски со Црквата, како и таа со нив, и сите треба да и' помагаат, и обратно. Православниот духовен живот е сепак трајна и заедничка вредност која, доколку ја прифатиме, не' прави доследни наследници, носители и сведоци на нашето општо духовно и културно наследство и идентитет, и тоа не треба да биде спорно за ниту една партија во Р. Македонија.

НАСТАНОТ КАКО ИСКУШЕНИЕ

Но по оваа кратка анализа на главните актери во случувањето, да се вратиме на актуелниот проблем, каде што се соочуваме со едно суштинско прашање: дали протестот беше навистина само против локацијата на Црквата и дали контрапротестот навистина ја заштити Црквата? Јас сум поставен со личен пример да водам и да посочувам, а не да принудувам. Секој човек е слободен, а со тоа и одговорен пред Бог, да го одбере својот пат и последиците од него. Јас нема да го сменам својот љубовен однос кон никого поради неговиот избор. Јас можам само да се радувам или да тагувам, поради нечија радост или нечија тага.

Случувањето за кое досега расправавме, во духовната литература се нарекува искушение. Како го гледаат и го доживуваат секое искушение оние што се трудат да водат духовен живот? За нив искушението секогаш е можност да го проверат квалитетот на својот духовен живот. Ако љубовта кон сите луѓе, без оглед на нивниот однос кон нас, е врвен идеал на христијанската духовност, тогаш искушението е секогаш можност да провериме колку и дали го љубиме и оној којшто не' повредува. Ако го љубиме и оној којшто не' повредува, тогаш љубениот не може да биде во нашите очи виновен за она што се случило, туку ние. Ако, пак, самите себе се правдаме, а другите ги обвинуваме, ние не сме на патот на идеалната љубов. Од друга страна, пак, ако другиот го мразиме, го обвинуваме и го осудуваме, прашањето е на кого му штетиме? На другиот? Можеби. На нашето срце и на нашата душа? Сигурно - да! Значи, ако Љубовта не е наш идеал, тогаш воопшто да не се чудиме на ништо, тогаш се' е дозволено со цел да се задоволат нашите страсти.

Оние кои на каков и да е начин ја бранат Црквата, оние кои поради тоа трпат нешто и оние кои отстрана го гледаат сето тоа, треба да го знаат следново: Во духовниот живот постојат три нивоа на духовен развој - очистување на срцето од страстите, просветлување на умот и обожение на целиот човек, и душа и тело. Оние што се на најниското ниво се се' уште заробеници на своите страсти и под нивно влијание и затоа треба многу да внимаваат. За нив се' уште важи законот - око за око, заб за заб. За таквите не е ни чудо што полесно паѓаат во искушение, на злото (од нив така видено) да одговорат со зло. Тоа не е никакво оправдување, туку само објаснување на нивното погрешно однесување. Затоа не треба да се остане на тоа ниво. Духовните отци се одговорни за нивната духовна состојба, воспитание и напредок. Духовните отци не смеат да се оградуваат од нив или да ги осудат и да ги отфрлат како луѓе. Можат само да се оградат од гревот и да го осудат злото, а самите себе да се обвинат за неуспехот на својата мисија. Се' според начелата: „Гревот го мразиме, а грешникот го љубиме“ и „Љубениот никогаш не е виновен“.

Друг е Божјиот суд, а друг човечкиот. Бог ќе им суди на сите согласно нивниот одговор на талантите што им ги дал. На пример: нема да биде ист судот за оној што имал можност да направи поголемо зло, па се воздржал и направил помало, со судот за оној што имал можност да направи поголемо добро, па не се потрудил и направил помало. Гледате ли дека всушност првиот го скратува просторот за дејствување на злото, а вториот остава повеќе простор за злото да дејствува. Или, едниот доби помалку од Бог а Му возврати повеќе, а другиот доби повеќе од Бог а Му возврати помалку. Да не зборувам и за одговорноста посебно на секое од нивоата на духовен развој. Затоа, подобро е, бидејќи само Бог точно знае што има во човекот, да не судиме никому. Сепак, за сите нас суд и критериум и ниво се светите словенски и македонски просветители и учители Методиј и Кирил и светите охридски чудотворци Климент и Наум, и преку нив ја гледаме Црквата, а не преку нашите слабости и грешки. Во секој случај, им благодарам на оние што најдобронамерно дојдоа да ја поддржат изградбата на црквата, и лично им се извинувам на сите оние што се' уште не ги научивме како треба љубовно да се постапува притоа, и ги замолувам другпат да постапуваат исклучително според Христовите заповеди на љубовта кон секој човек ако сакаат навистина да ја претставуваат Црквата.

Оние што протестираа против локацијата на црквата, сигурен сум дека како идни архитекти од предметот историја на архитектурата го знаат следното - што мнозина и од верниците не го знаат, но го чувствуваат: Богочовекот Исус Христос е темел, центар, оска и цел на православниот христијански живот. Оваа вистина, како во севкупниот христијански живот, треба и се рефлектира и во црковната книжевност, во црковниот иконопис и во црковната архитектура. Тоа значи дека како што Христос е центар на нашиот црковен живот, така и храмот Негов треба да биде (според нас) на местото коешто се смета за центар на градот, а се' друго да биде устроено според тој духовен центар. Може од кажаното да се сфати колку чувствително верско прашање за нас христијаните е местоположбата на храмот. Пишувам принципиелно теолошки и застапувам основни црковни, а не нечии други ставови. Инаку би се негирал сам себе како епископ. Ако нечии ставови во случајов се совпаѓаат (или не) со црковните, односно со моите, тоа е друга тема.

ЦЕНТАР И МАРГИНА

Така, оној што Го има Христос за центар на својот живот, би сакал да го види и храмот во центарот на градот, а не на маргините; а оној што Го има Христос на маргините од својот живот, не се интересира за храм во центарот на градот. Она што е на маргините, потоа лесно се отстранува и од таму. Имаме пример за тоа во блиското минато. Сведоци сме дека во време на наметнатото едноумие, при градбата на големите скопски населби како на пример Карпош и Аеродром, воопшто не било предвидено место за црква; а денес, во демократијата, имаме тенденција храмот да се изгради во строгиот центар на градот. Мене и тоа претходното и ова сегашното ми е разбирливо, но неопходно е, особено денес, да се почитуваат демократските и институционалните процеси при одлучувањето за тоа каде и што ќе биде изградено, дотолку повеќе кога тоа се совпаѓа и со волјата на мнозинството граѓани. Тоа е патот за решавање на ваквите ситуации. Инаку како ќе опстанеме како граѓанско демократско општество? Во секој случај, лично им се извинувам на сите оние студенти архитекти што на кој било начин се чувствуваат повредени со настанот.

И уште нешто: јас знам дека студентите по архитектура не се свесно против Црквата или против изградба на црква, туку дека се само против нејзината локација. Ова го знам затоа што и меѓу нив имам свои духовни чеда. Кога тие сега би имале можност да постават нов плоштад во Скопје или кога тие би проектирале нов град, уверен сум дека тие повторно црквата би ја поставиле на централно место и околу неа би го организирале просторот. Но едно е хипотеза, а друго е суровата стварност. Понекогаш е подобро црквата некако да ја има, отколку воопшто да ја нема. Добро е идните архитекти да знаат дека една црква не се сведува само и не се мери со категориите од овој свет, затоа што таа не е само од овој свет. И дека ако сакаат да се вистински и авангардни, не треба да бидат заробеници на времето и просторот, односно на минливите облици на просторот.

И дека токму градењето на црквата може да ги ослободи од таа заробеност и затвореност и да им отвори непознати и нови видици. Затоа што црквата, покрај својата архитектонска реалност, има и една друга, духовна реалност, која ги надминува релативните димензии на времето и просторот и тоа толку моќно што на крајот сигурно може да го покрие, надомести и преобрази нарушувањето што според нив би се појавило во архитектурата и во симетријата на објектите во местото на кое таа е предвидена. Ако како млади и недоволно опитни луѓе и архитекти во овој дел не размислувале за ова, еве, имаат можност барем да размислат, а ако сакаат и да проверат. Зошто да влегуваме во конфликт? Зошто оваа ситуација сите да не ја сфатиме како предизвик да станеме подобри и да научиме нешто повеќе? Што е тоа во нас што не' придвижува негативно или позитивно по соочувањето со предизвикот? Ова се поважни и поегзистенцијални прашања од актуелното.

Човекот е дел од космосот, но човекот и го возглавува космосот. Свети Максим Исповедник човекот го нарекува и микрокосмос и макрокосмос. Човекот е и дел од Црквата како тело Христово, но, според светите Отци, човекот и ја возглавува целата Црква. Сите живеат во секого, заради секого и со помош на секого, и секој живее во сите, заради сите и со помош на сите. Секој човек е Црква во мало. Таа тајна ја остварува благодатта на Светиот Дух Господ во Црквата. Богочовекот Христос се поистоветува и сострадува со секој еден човек на оваа планета, дури и без разлика на неговата вера или друга различност. Затоа Христос вели: „Ако му направите нешто на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми направиле“ (сп. Матеј 25, 40).

И затоа нема ништо посвето од човекот. И затоа сите храмови на светот не се повредни од еден човек. И затоа никаква цел не го оправдува насилството над кој било човек. И затоа заради никаков грев (дури и против неа) Црквата не смее да го отфрли и осуди кој било човек. И затоа главниот протест и главната борба што треба да се води во овој свет е пред се' борбата против злото внатре во нас, затоа што тоа го обезбожува човекот. Обезбожувањето е исто што и обезличување, односно отчовечување на човекот. Затоа Црквата, која е место на средба на човекот со Бог, место на исцеление на човекот од злото внатре во него и место на обожение на човекот, ги прегрнува сите и сите ги смета за свои духовни чеда, и оние за и оние против изградбата на храмот на плоштадот.

Митрополит Струмички Наум
(StihovenKalibar 23 Април, 2009 - 17:23 | избриши | одговори)

#

преку кур од овој стиховен бе дај некој нека го тргне на ден два од компјутер има ли таков некој за спас. аман пациент
(aman vise 23 Април, 2009 - 18:08 | избриши | одговори)

# Леле,жално колку не испростиа во гетово затворени......Ако не е партиски работава со сета сериозност ако зборувате по темава,тогаш ни нема помош не сме за во Европа....Ние сме само за Авганистан....
(omega 23 Април, 2009 - 20:28 | избриши | одговори)

No comments: