May 30, 2009

список за отстрел

25 Април, 2009 - 22:56

список за отстрел

 неможам да се изначудам , ниту да ги пребројам секојдневните информации со кои секојдневно сум бомбардиран од медиумите во рм , тв станиците , дневниот печат , по нетов разно разните форуми , официјални и неофицијални портали на лица , фирми , здруженија разноразни и се разбира овде , да го наречам нашиот дом - блогерајов на он нет

сега за сега не би ве замарал со останатото , целото внимание ќе му го посветам на постовите од блогериве овде на овој блогерај

ги читам колегите и црпам информации (не наведувам извор  затоа што така сакам  ) и сознавам од нивните пишуванки , каде што претпоставувам ги изнеле сопствените мисли и сознанија и онака аматерски донесувам аналитичка проценка која ме изненади

република македонија и националниот интерес на граѓаните од рм имаат многу непријатели

еве да се потрудам да наведам дел од непријателите прочитани по блогерајов, по анахрон ред за да ве збунам

....................................................................................

република грција , или нагалено грциштана

српската спц со расколнички шпиони 

љубчо војводата и партијата му вмро

бц и партијата му сдсм

братот љубе и партијата му вмро

а1 телевизија , менче , и цо сосе газда вељо

студентите по архитектура

студентите по неархитектура

да не ги редам , сите нво сосе најчевска

шефот џорџ сорос лично

старата гарда на удб

професорот васил топурковски

заев , непријателот на струмица

блогерите што не се членови на збм

биологот дарвин

тито и компанија 

маиците со че гевара

атеистите богохулнички

синдикатот што работи против виктор трифунов

и исто против горнион , екологистите и еко-комуњарите

брисел и нивната еу

северно атланската алијанса

еднооки , пецко трпе и остали анимирани ликови

шпиц и со геровски и без него

ромите скитници

млекопроизводителите и остала фармерска жгадија

болниот од бардовци со презиме на иќ

археолозите што не признаваат докази за џинови

уставниот суд сосе петте јавачи на апокалипсата

сите што си го чувствуваат словенското потекло

бугаро татарите

врховистите

либералите 

комунистите посебно

хомосексуалците

музичката естрада

радио dw , слободна европа и остали кодоши од странство

.........................................................................................

и уште многу други за кои не можам да се сетам во моментов ,

ама ќе ги препознаам ако ги сретнам

.................................................................................

тури им пепел на таквите издаици , петоколонаши

или уште подобро пиши им крст   , ваков

 

пост постен пост за постот на колегата кој исто така гледа непријатели окулу себе

цитирам

Најголемиот непријател на Македонија и Македонците, не се ниту грците, ниту бугарите, ниту србите, ниту шиптарите . Уште помалку западните европски народи. Најголемиот непријател на Македонецот е самиот Македонец. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Добар пост! =))

    Ја заборави баба ми Трајанка. Eye-wink

    (Внукот 25 Април, 2009 - 23:07 | избриши | одговори)

  • ќе ја препознаам
    (hemicarot 25 Април, 2009 - 23:08 | избриши | одговори)

  • tuuu цела армија непријатели.
    Туку де поправи го она “бормардиран“ во третиот ред од првата реченица.
    Или пак јас не го знам значењето на тој збор Puzzled

    (stop the earth 25 Април, 2009 - 23:18 | избриши | одговори)

  • дактилографката ми прави правописни грешки ,
    туку остај тоа дај помагајте за дополнување на списокот

    (hemicarot 25 Април, 2009 - 23:21 | избриши | измени | одговори)

  • Хемичар, детектирани се непријателите на Маќедонија, успешно! А сега, апс за нив!?
    (dijalektika 25 Април, 2009 - 23:22 | избриши | одговори)

  • ќе го заборавев , мојот омилен спонзороид
    папата лично , папата како институција и папата војтила опеан од џони штулиќ

    (hemicarot 25 Април, 2009 - 23:26 | избриши | одговори)

  • многу се/сме за во апс , анадолу нешто , по отоцима евентуално

    (hemicarot 25 Април, 2009 - 23:27 | избриши | измени | одговори)

  • Ај види го клипчево,па протолкувај ми што се случува.Дека хемичар си,нели?

    (neda 26 Април, 2009 - 00:08 | избриши | одговори)

  • Многу ги има и само се множат Маме му им.

    (Stefus-Refus 26 Април, 2009 - 01:03 | избриши | одговори)

  • кај ти е фуере?
    фак

    (Anakin Sk 26 Април, 2009 - 01:32 | избриши | одговори)

  • листата е отворена , нагласив Smiling
    и од странција инфилтрираниот фуере го додавам на список
    како и сите непоштувачи на ликот и делото на другарот латас
    на емисијата бумбар и противниците на јадењето бурек

    (hemicarot 26 Април, 2009 - 13:37 | избриши | одговори)

  • фуере да го ставиш
    оти за него специјално измислив ново откритије бре

    (Anakin Sk 26 Април, 2009 - 15:33 | избриши | одговори)

  • Предлози за листата:
    Амстердамска курва и Пионерче...
    мене ме имаат така наречено :S

    (Работникот 26 Април, 2009 - 17:46 | избриши | одговори)

  • горе долу, си ги опфатил сите барем колку што можам да видам, ама ти сепак прашај ја владата, или некој од полтроните претставници на блогерајов, кој се’ уште е список а си заборавил да ги напишеш...и ај да им мериме степен на параноја, а?

    (glimpse 27 Април, 2009 - 19:42 | избриши | одговори)

  • Овој список е 98% од народот во Македонија, кога ќе видиш вака стварно у многу факд ап држава живееме. Laughing out loud

    (Soul†akeR 27 Април, 2009 - 19:50 | избриши | одговори)

  • Ау, па нема никој да ти остане! Smiling

    (rocket 27 Април, 2009 - 19:55 | избриши | одговори)

  • Баш ме интересира да видам ваква листа на оние преостанати 2%, или тие треба да се исчистат од списокот,нешто како од избирачкиот.Мртви души и иселени по други планети.ХАХАХА
    Поздрав.

    (Effo 27 Април, 2009 - 19:57 | избриши | одговори)

  • Хемичар, што се замараш и мешаш у туѓ ресор?
    Тоа УДБА фино лепо се’ попишала... по список! Smiling

    (alexandro 29 Април, 2009 - 01:55 | избриши | одговори)

  • леле Александро ахахахааа Laughing out loud

    (INSOMNIA... 29 Април, 2009 - 01:58 | избриши | одговори)

  • Инс, по колку основи влегуваш во список?
    За мене досега изброив пет! Доволно?

    (alexandro 29 Април, 2009 - 02:03 | избриши | одговори)

  • Не знам мислам по сите основи сум на црнава листа, освен по оној педерскион.

    (INSOMNIA... 29 Април, 2009 - 02:13 | избриши | одговори)

  • доста исцрпен и содржаен пост во кој се опфатени сите области на денешниот шлајм. поздрав
    (Меанџи 3 Мај, 2009 - 23:16 | избриши | одговори)

  • жими стапов исцрпен
    каму го фуере

    (Anakin Sk 4 Мај, 2009 - 00:20 | избриши | одговори)

  • пф... а бе сега ако набројуваме и иванов го нема :))) и шема
    (Меанџи 4 Мај, 2009 - 00:30 | избриши | одговори)

  • море смотан, кај може иванов да го стигне фуере
    ќе се отрујам

    (Anakin Sk 4 Мај, 2009 - 00:37 | избриши | одговори)

  • не ме заебаај.. он е врвот
    (Меанџи 4 Мај, 2009 - 00:43 | избриши | одговори)

  • оки не се натегам постар си

    (Anakin Sk 4 Мај, 2009 - 00:43 | избриши | одговори)

  • И ширењето на мислење помеѓу македонците дека тие се најголеми непријатели на сами себе е пропаганда. Еве провери ги сите учебници за безбедност. Ништо не ни фали нам македонците. Секаде во светот го има тоа меѓусебно напаѓање само кај нас се користи за да се нападне националното ... всушност и тоа го има другаде во светов ...
    (leven 7 Мај, 2009 - 21:45 | избриши | одговори)

  • секако дека е така , меѓутоа некој очигледно сака да раздвои за да владее

    (hemicarot 7 Мај, 2009 - 22:44 | избриши | измени | одговори)

  • Требало во тој список да го ставиш Груевски и Владата бидејќи и тие се прогласени за непријатели на Државата...
    (leven 8 Мај, 2009 - 03:09 | избриши | одговори)

  •  

    No comments: