23 Април, 2009 - 19:39
Знам однапред дека одредени поединци ќе ме наречат кодош комуњарски ама нека им стои , ги личи , зборот ми беше ...
.
деновиве , а особено касно навечер приметувам една необична појава , нелогирани личности систематски ги напаѓаат одредени блогови со спам , недолични пораки или пораки со заканувачка содржина , а истото се случува и со логирани “колеги“ со празни блогови , како што е на пример сопственикот на блогот “ http://kuracpalac.blog.com.mk/ “ и слични такви наменски спам блогови што го кршат куќниот ред и правилата за работа на блогерајот .
.
каква е состојбата со меѓусебните односи и нивото на пристојност помеѓу нас , сите знаат , мислам дека окулу тоа не е потребна дискусија , туку некои поединци треба да си го стават прстот на слепоочницата и да размислуваат , прво за себе си , а потоа за останатите.
.
со оглед на тенденцијата на напуштање на блогерајов како и најавите за напуштање од помалку агресивните колеги што неможат да го издржат притисокот , навредите и заканите , како на пр надежна , nya , публикум , се пореткото присаство на интерпретер , кукбук , маат , аа , перун со неговиот последен пост и да не ги редам , повеќе се, видливо е и од се помалато присаство на блогери (додека го пишувам ова има 25 присатни блогери а часот е 18,00 < 19 во18.10) се помалото објавување на постови воопшто (не само на квалитетни) , а зголеменото е објавување на наменски и истородни постови скоро истовремено од постојана група блогери.
.
со цел да не се руши угледот на блогерајов (морам да признаам за кратко време на срце ми легна) и за да се намали тенденцијата на одлив на поскромните колеги кои ете пишуваа и за себе и за сите останати , едноставно за да поделат било какво искуство , знаење , тешкотија или радост , предлагам блог мастерот да размисли за воведување на технички промени во однос на функциите(софтверски) што ги нуди оваа блог платформа
( за хардверот не би сакал да се мешам во финансиската работа на сопственикот на сајтот , ама што е спор , стварно е спор опслужувачот-серверот , факт)
.
сепак блог платформава не постои само за нас , таа постои и за надворешни лица , посетители, од бројот на посетители зависи и рејтингот на сајтот/сопственикот , односно зависи цената за изнајмување на рекламен простор и останати услуги од кој сопственикот добива средства за функционирање на платформава (серверот не работи на навивање)
.
можни предлози од би биле
(видено на блогспот , блогер/хрватска и повеќето поголеми блог платформи)
.
1. не само опција за исклучување и вклучување на коментари , туку и опција за селектирање на коментарите во однос на тоа дали доаѓаат од логирани или нелогирани лица , односно можност за ставање блок(бан) на одредени лица без разлика дали се логирани или не
.
2.сите останати можни предлози од блог заедницава да се разгледаат за да може да опстане како таква
.
3. кревање раце од желбата за средување на блогерајов
се надевам дека можиби грешам , дека мојата проценка е субјективна , дека работите сами по себе ќе се вратат во нормала
за поинаквите гледишта повелете
мој избор | додај нов коментар | за печатење | прати по e-mail | 163 пати прочитано | трекбек url #
# Имаш целосна подршка
(N1kolce 23 Април, 2009 - 19:54 | избриши | одговори)
#
Мислам дека не би било тешко опцијата captcha наместо за сегашната функција да се пренамени за можноста со неа блогерот да регулира дали допушта коментари од нелогирани.
Ако е чекирана, нелогираниот не би добил образец за коментар туку порака дека блогерот не допушта коментари од нелогирани.
Ама и тоа не е некоја заштита - да се отвори блог е 2 минути работа за компјутерски писмен човек.
Мислам дека единствен лек е трпението - треба да се сфати дека не` има секакви и дека дел од нас си лекуваат и фрустрации тука на блогерајов.
И самиот не се исклучувам од таа дијагноза Smiling
(LupcoBocvarov 23 Април, 2009 - 20:06 | избриши | одговори)
#
бубашваби, глувци и разни гадинки излегуваат само навечер, шо да им прајш, тоа им е во природата...глеам нешто многу те “комуњарат“, ама изглеа дека не знаат што е тоа, ама им набиле у мал мозак (големиот им е закржлавен) дека е тоа лошо-најлошо и дека треба да џафкаат против, па џафкаат...една српска вика “за добрим коњем прашина се диже“ Eye-wink
(glimpse 23 Април, 2009 - 23:00 | избриши | одговори)
#
итно се потребни некои промени, инаку отиде у бестрага блогерајот, сигурно
(Ana P. 23 Април, 2009 - 23:29 | избриши | одговори)
#
Потребно е да се воведи опција „Block User„
(uvceto 23 Април, 2009 - 23:56 | избриши | одговори)
#
да нема забуна , комуњар , дефиниција , ако не си со нас , против нас си , намерно има , волку , запирки , за да се заштитам од уроци
(hemicarot 24 Април, 2009 - 00:36 | избриши | измени | одговори)
#
toa е тоа, јбг
(istoчna 6 Мај, 2009 - 16:22 | избриши | одговори)


No comments:
Post a Comment