May 30, 2009

мај , први , во безвремена македонија

1 Мај, 2009 - 10:56

мај , први , во безвремена македонија   

мај , први , дата нема , во безвремена македонија , или тајмлес (не вечна , грешен превод е )

 

поради непостоење на синдикална организација во земјава одсекогаш и по се изгледа до вечни времиња , ја немам можноста први мај да им го честитам на членовите на синдикатот , кои по белиот свет на овој ден прават разни работи како на пример

пикници со прекумерна употреба на храна и алкохолни пијалици , разни маршеви и мирни демонстрации , па и немирни демонстрации , најчесто со голем број повредени и демонстранти и полицајци

 

затоа , честит празник на сите работници , некогашни и идни , без разлика дали првото запослување ќе го дочекаат на 20 или 40 години возраст

да не заборавам , работници се и сите оние кои се лигават по разноразни партиски ограноци  со цел да добијат каква таква работа и ним нека им е честит празникот

 

 

 

 

честит празник

 

  • да не заборавам , работници се и сите оние кои се лигават по разноразни партиски ограноци со цел да добијат каква таква работа и ним нека им е честит празникот
    (hemicarot 1 Мај, 2009 - 11:04 | избриши | одговори)

  • Работници се и оние (повеќето во Мк) што пеглаат чаршафи по цел ден и оние што развиваат газицепси Evil

    (stop the earth 1 Мај, 2009 - 11:08 | избриши | одговори)

  • Се согласувам, нема во Македонија синдикат кој на еден ефектен начин ќе ги претстави барањата на работниците. Партизацијата и таму пушти силни корења, го токсифицира и тој дел од општеството. Инаку, точно е, многу работници, или кои сакаат да станат работници се лигават по партиски штабови за жал. Поз
    (dijalektika 1 Мај, 2009 - 11:11 | избриши | одговори)

  • Ептен ме погоди реченицата ,, работници се и оние што првото запослување го добиле на 40 годишна возраст,,. Гола иронија, сепак доволна да влезам во категорија на работници. Честит празник Smiling

    (KLIKER 1 Мај, 2009 - 11:18 | избриши | одговори)

  • Во оваа група ке ги вбројам и тие илјадници стечајци и технолошки вишоци, честит нека им е празникот и ним.
    И сите оние луѓе кои не можат да најдат работа, а сакаат...

    (nadezna 1 Мај, 2009 - 12:37 | избриши | одговори)

  • Срекен празник ХЕМИЧАР!! не ни треба синдикат ни требаат работници кој ќе се кренат и ќе со го побараат своите права.
    (Levi Yubo 1 Мај, 2009 - 14:11 | избриши | одговори)

  • втор ден првомајски празник
    тоа многу се поштуваше во социјализмот

    (hemicarot 2 Мај, 2009 - 17:53 | избриши | измени | одговори)

  • Мај шести,ај за многу години Ѓурѓовден!

    (novajlija 6 Мај, 2009 - 00:44 | избриши | одговори)

  • нека е ...
    http://www.youtube.com/watch?v=0TqWelcTiwQ

    (hemicarot 6 Мај, 2009 - 01:05 | избриши | измени | одговори)

  •  

    No comments: