June 30, 2010

блогерите , “ние блогерите“ и останатите

18 Септември, 2009 - 21:51

колеги блогери има на платформата со различити профили , различноста е всушност тоа што ме привлече кон блогерајов , некој пишува за своите љубовни доживувања , некој ја искажува сопствената политичка или версска припадност , некој пишува за своето хоби , некој едноставно сака да си ги искаже личните проблеми , да му олесни

значи , “ние“ блогерите сме , дете , старец , бабата со ланчиња , вљубена тинејџерка , тинејџер заинтересиран за спорт ,  филм , или lost серии

ние блогерите сме кактусари , риболовци , домаќинки кои повеќе немаат потреба да се грижат за децата што пораснале , самохрани мајки

ние блогерите сме оние што пуштаат постови за мп3 музика , за торенти од светската филмска уметност 

пишувачите на поезија се блогери

ние блогерите сме боеми , антиалкохоличари , рапери , верски фанатици , социјалисти , работници , универзитетски професори 

блогери се ...

 

е мои драги блогери , немојте да генерализирате и да велите “ние блогерите“



логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 482 пати прочитано | трекбек url #

#

Хемичар.
"Ние блогерите" се новата генерација кодоши .
(nadezna 18 Септември, 2009 - 22:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

ее кемик
џабе објаснуваш
(røxy 18 Септември, 2009 - 22:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

тачно.
(Мартин С. 18 Септември, 2009 - 22:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Блогерот е автономна личност со свое мислење, кое може да се совпаѓа со нечие, а и да се разликува од мислењето на многумина... Донекаде и тоа е целта на блогирањето - јавно да се искаже сопственото мислење, а скривањето зад ник некому му овозможува и поголема слобода, зашто знае дека нема да трпи последици за јавно искажаното мислење.
Не знам на што алудираш со множинската форма...
(partik1 19 Септември, 2009 - 02:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

...така де, ти си ти јас сум јас и обратно Smiling ... не сме "ние блогерите"...
...секој ник е единка со свое мислење...барем така би требало да биде де... Smiling Smiling
(Virtuella 19 Септември, 2009 - 07:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

та не сме саде ние
та не сме саде тука
ние сме безбројни милиони
на трудот црн народ
(interpreter 19 Септември, 2009 - 08:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

А и ние Новајлијата ли сме такви? Леле опасни сме биле!
(novajlija 19 Септември, 2009 - 09:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

“ние“ не сме гласот на народот
а
ние сме .............нешто како оркестар без диригент ,
секој си свири на својот инструмент посебна партија , а сепак на крајот тоа ствара препознатлива целина

мило ми е што можам да отсвирам две три ноти на блогерајов ,

а уште помило ми е што ЈАС не сум “ние“

http://www.youtube.com/watch?v=y-xunJP8ziE

/
(hemicarot 19 Септември, 2009 - 18:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Мразам кирилица у коментари!

I am you and you are me, an we are all togeher...
Beatles - I am Walrus

http://www.youtube.com/watch?v=qVF66GVj8zU
(quilty 19 Септември, 2009 - 18:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

ќе си купам ајпод
ценам добра музика
http://www.barsandbooths.com/images/bandbs79.jpg
(hemicarot 19 Септември, 2009 - 18:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

# а бе хем, ако сам не се извадиш од таа група никој нема да те извади. Кој нормален се смета за блогер у денешно време? :))) ја еве трета година напраив па не сум блогер :P
(Меанџи 22 Септември, 2009 - 03:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

а ајподот на линкот малку погоре , мн е добар Smiling
(hemicarot 22 Септември, 2009 - 03:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Меанџи браво...ја истото одамна го зборам,ама некои многу се идентификуваа, па не сфаќаат дека блогер не е професија...ако треба тука идентитет да бркаме,тешко нас...
(katika 22 Септември, 2009 - 03:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

еден тонич вика
значи го слушнавме вашето мислење
еден блогер одговара
да , така е , всушност ние блогерите сме гласот на народот
останатите двајца блогери не демантираат постоење на многу други блогери кои не мислат баш така за темата конзервирање на умот
а
другите ние кои пишуваат поезија
другите ние кои баш ги заболе за тонич
другите ние кои , еве баш денес се воодушевив , пишуваат за вселената
и за љубовта некои ние пишуваат
и за детството ...
другите ние , зар не се ние
зар се навистина љубоморни на , како сами се нарековте
највлијателните блогери

затоа надвор од сајбер просторов јас мудро молчам , не сум блогер , не сум ние , надвор сум од трафикот , едноставно влечам фтп кабли онаму каде што е потребно без грижа за тоа чии и какви букви ќе протечат низ нив
(hemicarot 22 Септември, 2009 - 03:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

блогерите бараат или збм бара
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C227CBF8EB75994E9D72A4D2B593D7D1
блогерите не се збм
аман бе
(hemicarot 24 Септември, 2009 - 23:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Блогерите бараат повеќе за античката историјa

МАНУ неправедно ја отфрли античката историја на Македонија од Енциклопедијата, реагира Здружението на блогери на Македонија (ЗБМ) и побара корекции за тој дел од историјата.

- Македонија има право да го слави и почитува Александар Македонски исто колку и Бугарите што имаат право да го слават и почитуваат Ханот Аспарух. Дали МАНУ се откажа од Праисториските дами, Кокино, Божицата Ма, Адам од Говрлево, Тетовската менада, Златните маски од Требениште и од Охрид, античките градови на Филип и Александар Македонски? Дали со овој потег водата се носи на бугарска и грчка воденица, кои тврдат дека Македонците немаат врска со античките Македонци, односно дека до доаѓањето на Словените, Македонија била грчка, а потоа е бугарска - реагираат од ЗБМ.

Малата провладина екипа која го сочинува ЗБМ воопшто не е слика за комплетниот став на Блогерајот.
Дури и да се согласувам со нивниот став, иако чисто се сомневам дека сите тие лица, настани и наоди се изоставени во енциклопедијата, нема да се потпишам под тоа ""Блогерите"", затоа што никој овде не спроведе анкета па да искаже став во име на сите нас.
И да, прво се разгледува вакво дело, а дури потоа се коментира.
Навистина сите тие нешта не се споменати како МАКЕДОНСКИ?
(nadezna 24 Септември, 2009 - 23:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

nadezna умре комунизмот и самоуправувањето. убаво пишува таму, ако си писмена “здружение на блогери“. може и ти да регистрираш свое. тие се правен субјект, регистрирани и со статут. ти како поединец може да напишеш писмо за весникот или некој од новинарите сам да те праша. здружението нема обврска да те праша.
(антички 24 Септември, 2009 - 23:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Надежна, побунете се и вие со Хемичарот и Егеј следниот пат кога ќе напишат во весник „Либералите“ мислејќи на партијците на Андов, бидејќи зборот либерал е далеку поширок поим. Исто како и Социјал-демократите или Социјалистите. Smiling
(Lavot 25 Септември, 2009 - 00:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Блогерите бараат повеќе за античката историјa
вака гласи поднасловот во дневник
види линкот погоре

би го замолил збм во слободно време додека не организира со државна помош обука за блогери Smiling ,
(“Овој проект беше помогнат од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија“
http://kicevo.blog.com.mk/node/167698 )

да се обрати до новинската куќа дневник и да побара исправка на поднасловот
секако ако воопшто збм сака да се претставува како збм , а не како „блогерите“
(hemicarot 25 Септември, 2009 - 00:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Прво обрати се до Тантаров, Андов, Црвенковски, Манасиевски и ред други да се обратат до новинската куќа дневник и да побараат исправка кога се користат изразите либералите, земјоделците, социјалдемократите или либералдемократите.

Следниот пат пробај да напишеш и нешто што нема да се граничи со ретардираност. Или Рохи има конкуренција?
(Lavot 25 Септември, 2009 - 00:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

# се читаш ли ?
(hemicarot 25 Септември, 2009 - 00:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Ти треба помош за да сфатиш? Можам само аматерска да ти дадам, а за стручна најмногу што можам да направам е да те упатам на вистинското место.
(Lavot 25 Септември, 2009 - 00:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

лавот , многу едноставно прашање
еве полека пишувам за да можеш да прочиташ

блогерите бараат или збм бара

либерали и абортуси не прочитав во линкот
туку прочитав
Блогерите бараат повеќе за античката историјa
(hemicarot 25 Септември, 2009 - 00:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

hemicarot ајде сега пред да те упатам на вистинското место ќе те прашам: Дали секој либерал што не е припадник на ЛП на Андов треба да е толку малоумен да побара реакција од дневен весник затоа што во некоја статија напишале „Либералите бараат....“?

Што да речат потоа спортистите, експертите, земјоделците, студентите и сите можни категории на луѓе кои често медиумите ги пишуваат со општиот термин, а потоа во следниот пасус наведуваат за кои поточно либерали, блогери или земјоделци се мисли.

Ова е аматерската помош што ти ја понудив. Ако сметаш дека не е доволна слободно кажи ми ќе се обидам да те упатам кај постручни од мене што се занимаваат со такви како тебе.
(Lavot 25 Септември, 2009 - 00:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

лавот , ние македонците сметаме дека си во заблуда
(hemicarot 25 Септември, 2009 - 00:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

мислех дека сме ебиветровци
но ти така убо си ги подредио у шкафчиња, да мора да е тоа некоја организација
фак
(astrostoper 25 Септември, 2009 - 00:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Хемичар, ние просечно паметните сметаме дека си екстремно многу глуп.
(Lavot 25 Септември, 2009 - 00:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Фурај Лав, ова комуњарскиве „либерали“, нека не ве стигматизираат. девалвивираат, негираат и етикетират, Имате право на делување да се декларирате во ИМЕ на ШТО САКАТЕ и кого САКАТЕ и тоа е ваше потполно суверено право кој нема право да ви го одземaт ниту тие ниту било кој, поготово не тоталитаристички блогери кои тотално налудничаво надвор од памет, пошто сте биле владини, провладини, десничарски, вмровски, не знам какви не сте биле блогери, сте немале право на формирање на правни субјекти и регистрирање на организации. Конзервативците и ЗНБ ти дојде ко ОМО Илинден - Пирин во Бугарија. Ама таае истата комунистичко - тоталитарна матрица и таа само тоа умее да прави! Само напред!
(сајбер1903 25 Септември, 2009 - 00:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

да анакине , ние сме организација , само малку асинхрона Smiling
пс , мора да тренирам повеќе

ние
ние
ние
ние
ние
ние
ние
(hemicarot 25 Септември, 2009 - 01:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Букетот е убав кога цветовите се со различна боја. Затоа сме обоени различно, иначе нема да ни биде интересно, нити па убаво, да седиме и читаме се во иста боја Smiling
поздрав Хемичар
(INSOMNIA... 2 Октомври, 2009 - 00:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

# блогерајот е да се развије дискусија различно милсенње раличен став блогерајот е уствари демократија он те тера у пизду матер а ти идеш кај што сакаш
(марсовецц 2 Октомври, 2009 - 00:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

No comments: