June 30, 2010

великденска честитка

јас хемичарот , носител на свидетелство за свето крштение и роден во православно семејство , крстен во времето на комунизмот и одгледан во христијанска традиција /исто така во времето на комунизмот , не приметив дека постојат забрани/ во еден период од мојот живот ја согледав безпредметноста на мојата верба

не би сакал да ги изложувам деталити за тоа како бев и престанав да бидам верник , ниту пак било кому би му посакал да му се случи цела серија од немили настана кои ме натераа да почнам да размислувам поинаку

не сум верник , меѓутоа верата ја сметам за индивидуална работа , моето дете е веќе на прагот на полнолетноста и има сопствен избор , вчера во друштво беше во црква , а денес во семејството имаме празничен ручек , традицијата си го чини своето

позната ми е христијанската религија и нејзините учења

делумно сум запознаен и со другите религии кои опстојуваат на планетава земја

ја ценам и ја почитувам вистинската вредност на религијата , онака како што го почитувам и мојот личен избор

исто така ги ценам и почитувам вистинските верници и знам да ги разликувам од останатите кои религијата ја користат како средство за манипулирање и лична корист

извинете ме за подолгиод увод , сакав само да дефинирам на кого се однесува постов

пораката ми е кретка и јасна

честити великденски празници на сите верници од христијанска вероисповед кои денес го слават христовото воскресение


христос воскресна , навистина воскресна







This was written by hemicarot. Posted on недела, април 4, 2010, at 15:41. Filed under Некатегоризирано. Bookmark the permalink. Follow comments here with the RSS feed. Post a comment or leave a trackback. Edit this entry.


6 Comments

1.
insomnia wrote:

Вистина воскресе!
За многу години Велигден hemicar, ви посакувам пријатно празнично расположение во кругот на најблиските. И тука ти испраќам една убава македонска песна :) се најубаво од мене, голем поздрав!
http://www.youtube.com/watch?v=HERwFcIB7e8

и уште една :)
http://www.youtube.com/watch?v=SZOBrwHbztY&feature=related
недела, април 4, 2010 at 16:11 | Permalink
2.
nadezna wrote:

Твојот пост е најдобриот пост кој го прочитав за Велигден-ов!

Многу здравје и благосостојба во домот.

Христос Воскресна, Навистина Воскресна.
недела, април 4, 2010 at 19:53 | Permalink
3.
partik wrote:

Кога веќе почна Инсомнија со песните, да продолжам во истиот стил… Нека ми прости Џокси, ама Ламбе неговата песна ја отпеа со повеќе душа:
http://www.youtube.com/watch?v=PUMVPQMcLec&feature=related
Поздрав Хемичару!
Околу тврдењето дека никој никогаш не им вршел притисок на верниците, не се согласувам… зашто не беше така. Не беше возможна кариера на комунист а во исто време – верник, во одреден период.
недела, април 4, 2010 at 20:04 | Permalink
4.
aco_mijak wrote:

Честит праник ,и се најубаво…
Христос Воскресе – Навистина Воскресе ..
недела, април 4, 2010 at 21:16 | Permalink
5.
hemicarot wrote:

insomnia , фала со убаво да ти се врати , честит празник

nadezna , ќе ме разгалиш на стари години , фала
и честит празник

partik , партијата им беше како религија на комунистите , не трпи конкуренција
шала на страна , да точно е тоа дека комунистите што ја протежираа религијата си имаа проблеми во сопствените редови од сопартијците така да им беше оневозможена кариерата
само понекогаш поединци и тоа помлади кои за тие времиња само слушале од други луѓе одат во друга крајност , тврдејќи нешто друго

туку тоа е подлабока тема за разговор , да оставиме за другпат сега се празници

и честити нека ти се

aco-mijak
честитка , навистина се роди
недела, април 4, 2010 at 21:43 | Permalink
6.
antonij wrote:

Па што ако воскресна Христос, кога тоа ништо не ни менува во нашите бедни животи?
понеделник, април 26, 2010 at 20:41 | Permalink

No comments: