June 30, 2010

аеродромот

28 Август, 2009 - 15:53

солун е наш
унгарија нема море ама има воена морнарица
а и александар пловејќи со гемија си одел во викендичката во египет
.
малку за косово , а за останатите земји во регионот
прочитејте кај батаџанго




пред одмори бев седум дена во приштина на работа , поточно индустриската зона што се протега кон излезот за пеќ , влегов со предрасуди , а се вратив од европа ,  ддв им е 16% , акцизите двојно помали , лименка скопско од 0,5 лит е 0,50 еуро центи , со фискална разбира се , а и после седум навечер никој не става катанци на пивото во супермаркет , за кој патем речено веро изгледа како селска кооперација
анамка со мантил не видов се додека не се вратив дома , а кога се вратив веднаш сватив колку многу во косово ми недостигало пеењето на трите локални џамии во четриипол наутро
сите се нешто работат , никој нема време да ти продава политики ,сообраќајот по патиштата им е со зголемен интензитет , модерни бензински на секој чекор , во склоп на бензинските ресторанчиња за брза  храна , пристојна и со цени и со квалитет
се градат нови модерни патишта , едниот е скоро готов , магистрала до кукс , албанија
 тоа значи директно поврзување на морскиот и сувоземниот сообраќај
.
а косово нема море
.
не дека сакам да ги фалам косовските албанци , познати ми се сите лоши работи што ги донесе војната и кои оставија неизбришливи последици и кај нив и кај српското население кое го јадеше горкиот леб на егзодусот ,  а и пошироко во регионот , последици кои и ние во рм ден денес ги чувствуваме на своја кожа , минатото не се заборава така лесно ...
...ама минатото сепак е минато , а животот се одвива сега , во тековново време ни истекуваат минутите , неповратно една по една
.
 луѓето таму помалку зборуваат а повеќе работат  ,трговијата нема проблеми со националноста ,на рафтот во супермаркет подеднакво се наредени и гулашот на подравка и гулашиот на срем шид , скопско , хајнекен , никчишко , лашко , пеќко и словенското унион пиво подеднакво се ладат во истата разладна витрина
.
значи таму може  после толку пролеана крв животот не само да се врати во нормала туку и со забрзани чекори да граби напред

(не се сто чекори , ама видов нови згради на кои што пишува универзитет , што ли им значи тоа )


зошто тогаш македонија тапка во место скоро две децении , тапка во место не само економски , не само што застарува и онака од времето на тито колку толку изградената инфраструктура , туку  и политичкиот живот тапка во место , два основни ешалони на власта упорно се менуваат на повеќе или помалку редовни интервали , комуњари и комити

и едните и другите до негде се трудат да ја парцијализираат власта со исто така биполарниот албански фактор , ама залудно , таквите коалиции се со комуњарско-комитски истомисленици чија основна цел е да приграбат што можат за  време на мандатот , без последици и лична одговорност
.
ех батаџанго , не требаше да го спомнеш приштинскиот аеродром ,

тој не е ни велики  како скопскиот ,

а милионот превезени патници не е толку голема бројка колку што е големо името на нашиот аеродром


 

на нашиот човек по се изгледа му е подобро да живее во славното минато , отколку во реалноста , па затоа на следните избори очекувам победа или на комитското малцинство или на комуњарското малцинство

вие останатите , ќе почекате


      



Линкови до овој блог запис
временски мисли
од Насловна на 29 Август, 2009 - 14:02
минатото не се заборава така лесно... ама минатото сепак е минато, а животот се одвива сега, во тековново време ни истекуваат минутите, непов
логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 127 пати прочитано | трекбек url #

#

они цепаат него,

само за пиво муабетот...де нешо за шприцер...кисела вода има гарант, а смедеревка хм?
(Django 28 Август, 2009 - 19:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

шприцер ! после седум
Evil
немет
(hemicarot 28 Август, 2009 - 22:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Косово сепак е еднонационална држава (оние 10% неалбанци се занемарливи и без право на глас). Значи... такви „проблеми“ немаат. Не се мислат за процентуална застапеност, т.е. лесно е решлива. Стави 10 Срби и „мирна Бачка“. Кај нас луѓе од нива директори ги ставаат поради политика.
(politikant 28 Август, 2009 - 23:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Е јеби га...
А тоа што вели политикантот дека тие такви проблеми немаат и тоа е нивна заслуга.Немаат затоа што ги решиле,а ние си ги создаваме за да има со што да се оправдуваме за нашиот неуспех...
(novajlija 29 Август, 2009 - 01:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

од нас никогаш нема да стане држава, ама саалам држава

ќе бидеме секогаш најназад.

се додека гласаме гомнари, без разлика дали се вмро, комуњари или некои трети, мкд ќе биде секогаш за никаде.
(Yo Blow 29 Август, 2009 - 02:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Tапкање во место

Позрав
З
(zoriv 29 Август, 2009 - 12:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Не треба да се заборави дека покрај етнички чистата територија, што е еден предуслов за полесно формирање влада, Косово е протекторат. Ако ги оставеа сами - очите ќе си ги извадеа, ќе цутеше криминалот и шверцот, а никој немаше да плаќа данок...
И да бидеме пореални...не дека ништо не е направено. Погледни слика од пред 20 години и сега. Какви беа некогаш дуќанчињата, какви се сега. Не очекувај некоја влада преку ноќ да ги промени работите...потребно е и ние однатре да се промениме. Каков народ - таква влада.
И да додадам за аеродромот- зарем заборави дека најголем дел од патниците на скопскиот аеродром беа Албанци (наши или од Косово)...тие шпартаат низ Европа.
(partik1 29 Август, 2009 - 18:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

No comments: