June 30, 2010

М МАКЕДОНЦИ

13 Октомври, 2009 - 02:38

мал извод од енциклопедијата на ману
 
 
 
 МАКЕДОНЦИ – словенски народ во етничка, културна и национална смисла што живее во РМ, 893 МАНУ ЛЕКСИКОГРАФСКИ ЦЕНТАР МАКЕДОНЦИ М Архимандрит Никодим Царкњас Од Вториот конгрес на политичката партија на македонците †Виножито# во Соровичево Фрагмент од †Посниот триод# (ЏИ в.) 894 М МАКЕДОНЦИ МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА на територијата на етничка Македонија и во дијаспората. Самоименувањето на нацијата Македонци значи користење на правото да се искаже чувството на културноантрополош ка посебност во однос на соседните и сите други народи. Современата македонска држава е конституирана како ДФМ/НРМ/СРМ во рамките на Југославија (од 1944). Освен Македонците во РМ и во соседните земји, уште ок. 700.000 лица се изјасниле како етнички Македонци во дијаспората (2004). Тие имаат свои етнички чувства, политички, граѓански и верски асоцијации и постојано го афирмираат македонскиот етнички идентитет. До Балканските војни Македонците живееле на територијата на историската етнокултурна Македонија што изнесувала 6.798 км². Денеска Македонците живеат во РМ (на ок. 38% од етничката територија на Македонија – 25.774 км²), во Егејскиот дел на Македонија во РГр, во Пиринскиот дел на Македонија во РБ, во РА – во етничките предели Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, и во РС и на Косово, во дел од етничкиот предел Гора и во дел од етничкиот предел Пчиња. Границите на територијата на етнич ка Македонија до 1913 г. биле истовремено и етнографски граници. Континуитетот на македонските етнички граници може да се констатира и од раните средновековни извори, кога наместо името Македонија, македонските предели се именувани како †Склавинија# – земја на Словените (Теофан). Актуелната северна граница

на Грција со РБ (Пиринскиот дел на Македонија) и РМ е повлечена во 1913 г. и неправилно хоризонтално ја сече етничката Македонија на половина. Сече делови од струмско-местанските, брсјачките, богданските, вардарските, костурските и други македонски етнички предели на штета на македонскиот народ. Етничките граници на Македонија можат да се следат почнувајќи од источната граница со Тракија и утоката на р. Места, од каде што се искачува до западните делови на Родопите и се движи кон север покрај планината Рила, ја сече р. Струма над Благоевград (Горна Џумаја) и оди по вододелницата на Осоговските Планини и другите пониски планини што се наоѓаат на западната страна до ниската вододелница меѓу реките Вардар и Морава кај Прешево. Границата натаму се движи по вододелниците на Скопска Црна Гора, ја сече р. Лепенец кај Качаник и се качува по вододелницата на Шар Планина. Од тука западната граница води преку планината Кораб до реката Црн Дрим и по вододелницата меѓу Охридското и Преспанското Езеро, на една страна, и Корчанската Котлина, на друга страна. Потоа границата врви по планините Грамос и Пинд. Тука започнува јужната граница и се движи по јужната вододелница на р. Бистрица и во насока кон исток стигнува до Солунскиот Залив, го опфаќа и Халкидичкиот Полуостров, островот Тасос и завршува кај утоката на р. Места. Според податоците од последниот попис во РМ (2002), од вкупниот број 2,022.547, како етнички Македонци се изјасниле 1.297.981 или 64,18%. Бројот на Македонците во соседните земји (РГр, РБ и РА) не е познат, бидејќи во пописните листи не постои можност за изјаснување на македонското малцинство. Според апроксимативни пресметки на Партијата на Македонците во Грција †Виножито#, околу 200.000 селско население го зборува или го разбира македонскиот јазик. Најголема концентрација

на македонското малцинство има во Леринско, Воденско и Костурско. Спротивно на тоа, во пописот во Грција (2001) се спомнуваат само 962 имигранти од †ПЈРМ#. Најголема концентрација на македонското малцинство во РБ има во Пиринскиот дел на Македонија што се покажува со пописите од 1946 и 1956 г. (над 70%), како и во пописот од 1992, кога 10.800 луѓе се изјасниле како етнич ки Македонци – и покрај сите притисоци од државата за нивна негација. Спротивно на тоа, во пописот во РБ (2001) фигурираат 5.071 Македонци, помалку дури и од пописот во Австрија (2001) – 5.145. Видливо е дека РГр и РБ не ги применуваат европските стандарди за малцински права и за слободно изјаснување на државните пописи. Според последниот попис во РА (1989), наведени се само 4.697 етнич ки Македонци, а се однесуваат само за пределот Мала Преспа, каде што Македонците уживаат територијално ограничени редуцирани малцински права. Според пресметки на македонските партии и граѓански здруженија од Албанија, тие 4.697 изнесуваат само 5% од апроксимативната бројка од ок. 200.000 етнички Македонци во Албанија, кои немале можност да се изјаснат поради непостоење посебна графа во пописите. Најголема концентрација на Македонци во Албанија има во етничките предели Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, како и во градовите Тирана, Кукс, Корча, Подградец. Во државниот попис во РС (2002) постојат посебни графи за Македонците, како и за Гораните што се всушност исто така исламизирани етнички Македонци. Според пописните податоци, како Македонци се изјасниле 25.847 лица (0,35%) и 4.581 како Горани (0,06%), вкупно 30.428 Македонци во Србија, коешто не одговара на фактичката состојба. Другите податоци за бројноста на Македонците во државите од поранеш на СФРЈ се: РХ (2001) –

4.270; РБиХ (2005) – 2.278; РСл (2002) – 3.972. Пописите во европските земји не можат да се користат во оваа смисла, бидејќи се применува главно методологијата на †земја на потеклото#. Интензивната миграција на Македонците (поради економски и политич ки причини) придонела за создавање многубројни македонски колонии во светот, особено во прекуокеанските земји. Според пописот на САД (2002), по средна проценка има 42.975 етнички Македонци или по горна процена – 51.955; според пописот во Канада (2001) – 31.265 и според пописот на Австралија (2001) – 81.899. Македонските државни институции не располагаат со точни бројки за етничките Македонци во дијаспората. Се оперира со приближна бројка од ок. 700.000 – според податоци од МИА (2003). Предците на Македонците во провинцијата Македонија и во нејзиното соседство се евидентирани во раните средновековни извори под племенските имиња Струмјани (по р. Струма), Смолјани (по р. Места), Драгувити (западно/југозападно од Солун), Берзити (северно од Солун), Сагудати (околу р. Бистрица), Ринхини (на Халкидик), Велегизити во Тесалија, Војунити во Епир и др. Македонското население на овој простор континуирано може да се следи во средновековниот период во рамките на средновековните балкански држави (Источно Римско Царство, Прво и Второ Бугарско Царство, Самуилово Царство, Српско Царство) и во турското средновековје (ЏВ – ЏИЏ – почетокот на ЏЏ в.). Модусот на административна непроменливост од над пет века под турската власт позитивно влијаел врз зачувувањето на македонскиот етнички карактер на просторот и одржувањето на континуитетот со античката и старословенската културна матрица од времето на средновековните предци на Македонците на овој простор.
 


логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 179 пати прочитано | трекбек url #

#

... ова е обработено од тебе или е оргинал ... нема веза наскоро ќе дознаеме сите Smiling ...
(gocajaska 13 Октомври, 2009 - 07:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Колку за уплашени фиромчета шо до вчера растеле у гуњи, прилично амбициозно ем широко у земјофатот.
Па па па.
И се молaм боже сегашново парче целокупно да остане. Smiling
(Pero Nakov b.b. 13 Октомври, 2009 - 07:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Добар е текстов...се се точно и објективно малку конфузно конципиран за мене.
(Stefus-Refus 13 Октомври, 2009 - 08:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Нешто многу енциклопедиjaта е погрешила за броj на македонците во Грциja - несе околу 200000 а околу 500000 и несе саму во Костурско, Леринско и Воденско, туку и во Серско, Кукушко, Драмско, Солунско, Кавалско, Ксантиско и Гьуморджинско!

http://www.vmroyouth.org/files/images/%20%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%20%D1%81%D0%BC%D0%B5.preview.JPG
(кан кубер 13 Октомври, 2009 - 08:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Бушава енциклопедија:
Мъ како северномакедонци! Smiling
(Pero Nakov b.b. 13 Октомври, 2009 - 09:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

теренски обврски Smiling нема леб без мотика , не можев порано да си напишам ни сам на себе коментар Smiling
извадоков е од енциклопедијата што ја симнав вчера , сем сликиве,
значи текстот е од а до ш оригинален

полесната верзија од шеесетина мегабајти , се разликува од другата /еден ипол гига/само по квалитетот на илустрациите , во пдф се поделени на две книги по азбучен ред

за вистинитоста на податоците
/освен дека припаѓаат на енциклопедијата , те не се преработени од мене/
не би ни дискутирал , па кој сум јас да бидам попаметен од една сурија мудри старци Smiling

повелете линкот за полесната верзија , па уверете се сами

http://rapidshare.com/files/292205251/MK_ENCIKOPEDIJA_www.eWarez.com.mk.rar
(hemicarot 13 Октомври, 2009 - 20:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

# голем дел од податоците во енциклопедијата се измислица
(slobodnimisli 24 Октомври, 2009 - 23:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

#

Во енциклопедијата Македонците се опишани како Славомакедонци и на многу места се употребува терминот Македонски словени.Не знам во што се разликува Ману во однос на борците од УЧКа на Али Ахмети и Грците кој редовно
не прогласуваат за Славомакедонци....Енциклопедијата да си ја собере Комунално и право на буниште...
(f9 24 Октомври, 2009 - 23:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

No comments: