June 30, 2010

@viktor_trifunovski

мразам модерирање на коментари , а и коментаров е подолг па да не ти одземам од твојот личен простор на бесплатниов блогерај

во врска со

http://capitalism.blog.mk/2010/01/30/socijalistichkiot-blef-%E2%80%9Ebesplatno-zdravstvo%E2%80%9C-konechno-im-e-serviran-i-na-amerikancite/#comment-1399

и првите два коментара кои ги прочитав на твојот пост

овде , на мојот блог ти оставам коментар :

нема да бидам како барок/коментар 1/ и ќе ти кажам

не си фашист викторе , комуњар си
и тоа од сталинистчки тип , се држиш за профитниот манифест и не попушташ

гледам во постот си почнал со америте ама некако се испомеша со нашиот здравствен систем/позитивни листи/ па ти доаѓа жал за кутрите амери , да не добијат и они вакво здравство како нашево

ева јас за нашиот здравствен систем ќе коментирам , ама прво за коментарот 2 , каде што велиш

> -Живеењето на туѓ трошок неможе да биде „право“ <

не се здравствените осигуреници тие што живеат на туѓ трошок

капиталистите се тие што живеат на туѓ трошок
ниедно стопанство не може да опстане без изградена и редовно одржувана јавна/државна/ инфраструктура , а таа секаде се гради со општествени/даночни ако ти е помило/средства
ниедно стопанство не може да опстане без здрава , способна и обучена работна сила , а тоа е сепак обврска на државата/општеството/сите ние

фабрика не се гради сред пустелија
мора да има пат или железница

а ниеден капиталист нема да купи двеста километри ниви и пеесет километри планини од скопје до солун и да изгради приватен пат на приватен имот

фабриката мора да има и вода и струја

како ќе стигнат струјата и водата до капиталистот ?

индустрискиот отпад кај се испушта - во приватен базен ?
де не должам , капиталистот мора да користи државни ресурси за да може да остварува профит
на сметка на останатите нели ,
затоа што патот е и мој
затоа што јагленот во суводол е и мој , ти плаќаш само трошоци за производство и дистрибуција на електричната енергија
затоа што индустриското загадување е и на моја штета

а без стопанство нема да опстане ниту капиталистот , ниту работникот

колатералата треба да се сподели , некој со пари , дел од профитот , а некој со здравјето , факт

изгледа дека работите се малку посложени во општеството

(знам дека има и капиталисти без фабрики ама за нив другпат)

ах , темата

примарното здравство/амбуланти/е приватно , на приватните лекари им се плаќа или со пари или со здравствено осигурување

болниците можат да бидат и приватни и државни
исто така и кај државните и кај приватните се плаќа или со пари или со здравствено осигурување
аптеките се сите приватни
лековите од позитивната листа , а тоа се вистинските лекови , а не козметика се продаваат во приватна аптека , се плаќаат , или со пари или со осигурување

здравствениот фонд не се полни со даночни средства
се полни со пари од придонеси-здравствено осигурување

зашто е обврзно и без да сакаш да мораш да платиш придонес - осигурување за здравството
заради истата причина поради кое е обврзно да се плаќа авто осигурувањето
и јас не сакам да плаќам за авто осигурување , ама ако те згазам на пешачки како ќе ти платам , една рака на пример

така и ти , не сакаш да плаќаш за здравствено осигурување
ама ако се разболиш од некоја заразна болест и ако заразиш , на пример двеста други луѓе како ќе им ги платиш болничките трошоци
а луѓето се разболуваат и од други причини , не само од заразни болести
постојат и професионални заболувања
капиталистот ли ќе плати лекување за секој работник поединечно
или за пола потруен велес

ама некој сепак мора да плати , на овој или на оној начин

се сложувам со тебе , нема ништо бесплатно на овој свет

слични написи

http://nadeznan.blog.mk/2010/02/03/za-viktor-trifunovski/

This was written by hemicarot. Posted on сабота, февруари 13, 2010, at 17:23. Filed under Некатегоризирано. Bookmark the permalink. Follow comments here with the RSS feed. Post a comment or leave a trackback. Edit this entry.


4 Comments

1.
insomnia wrote:

Hemicar прочка е денеска, ај прости ако нешто сум ти згрешила :) и честит св. Трифун, ако повеќе ти одговара нека ти е честит денот на вљубените, иако немаме врска со овој ден, ама ете убав е. Поздрав со едно црно винце :)
недела, февруари 14, 2010 at 02:02 | Permalink
2.
hemicarot wrote:

секако дека не си згрешила :)
ама бидејќи е така адетот , простено
прости ми и ти
недела, февруари 14, 2010 at 02:17 | Permalink
3.
nadezna wrote:

Фала за трекбекот.
Секако дека Виктор нема што да искоментира, барем е нешто реално.
Поздрав
недела, февруари 14, 2010 at 02:30 | Permalink
4.
hemicarot wrote:

нема за што надежна
постот ми седеше на лагер десетина дена , а конечната провокација ми дојде денес кога не објави коментар на неговиот денешен пост за ефтините авионски билети што му сметал уставот

како и да е …да се трдиме да го оставиме лошото зад нас
празници се денес ,
честити нека се
недела, февруари 14, 2010 at 02:39 | Permalink

No comments: